Полицијата во Хонгконг, денеска, во пресрет на новите протести против владата пронашла тајна лабораторија за изработка на експлозиви, во која имало и пропаганден материјал со повизи за независност на Хонгконг од Кина, пренесуваат светските агенции.

Во полициската акција уапсен е 27-годишен маж, за кој се смета дека е поврзан со случајот, но исто така можна е и поврзаност со протестите најавени за в недела.

Покрај оружје и летоци, во полициската акција била пронајдена и облека со натпис „Национален фронт на Хонгконг“, што е група која се залага за независност од централните власти во Пекинг. Групата потврди дека уапсениот 27-годишник е нејзин член, но негираше какви било сознанија за постоење на експлозив.

И додека во недела на антивладините протести се очекуваат десетици илјади луѓе, а полицијата повикува на смиреност, денес на собирот „Го штитиме Хонгконг“ се собраа десетици илјади луѓе, кои пак се на другата страна, и ја подджуваат полицијата да стави крај на повеќенедлните насилства.

Масовните и неретко насилни антивладини протести во Хонгконг избувнаа откако владата сакаше да донесе закон според кој жителите на Хонгконг може да бидат екстрадирани на судење во Кина, што предизвика голема вознемиреност и загриженост во оваа поранешна британска колонија.

Иако лидерката на Хонгконг, Кери Лам, пред десет дена објави дека најавениот закон за екстрадиција е „мртов“ и призна дека работата на владата на тој закон е комплетен неуспех, целиот случај предизвика голема политичка криза.

извор: Makfax

2

Најчитани вести