По минатогодишниот успех на „Кога би била моја“ дечките од „Хепи енд“  имаат нова авторска песна насловена „Лажев“.

„Создавањето на авторски песни ни беше приоритет уште при самото формирање на бендот. Нашата идеја е со квалитетна македонска музика да се наметнеме на публиката, а токму втората песна веруваме дека ќе биде препознаеме како добар пакет и ќе го повтори успехот како нашето првенче“, велат членовите на бендот.

„Лажев“ е комплетно дело на браќата Иван и Јован Јованови, кои ги направија музиката и аранжманот. Спотот за песната е снимен на повеќе локации.

 

1

Најчитани вести