Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ за „А1он“ вели дека не знае кои пратеници стојат зад псевдонимите Кики и Фрики, за кои новинарот Бранко Геровски пишуваше дека изнудувале рекет од бизнисмени.

„Па валјда Боки. Не знам кој е Кики, вие мислите дали станува збор за мене? Ќе видиме Геро на кого мисли. Апсолутно јас не се препознавам, Геро има таму има изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам. Не знам. Ти ми се јавуваш и прашуваш ‘Кого препознаваш во Кики’ и тоа мене јасно ми алудира. Дај боже нека објави Геро дека јас сум Кики па да се расчистиме до крај како што личи“, вели за „А1он“ Кирацовски.

1

Најчитани вести