Loading..

Фолкерот Аца Лукас неодамна во јавноста се појави со нова, прилично атрактивна девојка. Единствено што откри за неа е дека се вика Јована и дека ептен му е  по мерак. Деновиве пејачот гостуваше во Ами Џи шоуто и таму реши да открие повеќе детали за саканата.

„Искрено сум заљубен и таа се вика Јована. Убаво ни е и уживаме. Ја сретнав на една изложба, потоа вторпат се сретнавме во библиотека, а трет пат се видовме кога пријавував докторат на факултет“, откри Лукас, а на прашањето кое дојде од гледачите, а кое гласеше - Како не ти беше срам да се бакнуваш со девојката пред медиумите?, рече:

„Јас не се бакнував пред медиумите, се бакнував со својата девојка, а тоа што медиумите ме видоа е нивен проблем. Проблем ли е што се бакнував? Некој не може да се бакнува ни приватно бидејќи нема никој, јас секогаш имам. Кога имам, јас се бакнувам“, рече Лукас.

Најчитани вести