Иако се најавуваше дека капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев ќе ја игра последната сезона пред да замине пензија во дресот на Џенова, сепак струмичанецот не е најсигурен во такво нешто.

Не знам дали ова ќе биде моја последна сезона. Јас би сочекал да видам како ќе се одвива целата ситуација. Сакам само да им помогнам на момците и да играме во интерес на Џенова. Не сакам сезона како лани, до последен момент да стравуваме за опстанокот, вели Пандев за италијанските медиуми.

1

Најчитани вести