Loading..

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба.

Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба која е по наредба на јавен обвинител е подигната, обезбедена и испратена на вештачење.

Истовремено, издадени се насоки и наредби за целосно расчистување на настанот.

Од МВР за случајот информираа дека се работи за школска бомба која немала експлозивно полнење.

„Нема повредени лица ниту материјална штета“, велат од МВР.

Во Прилеп се одржува 17-тото издание на „Пивофест“ кое ќе трае до недела. Главна ѕвезда на настанот вчера беше Светлана Ражњатовиќ-Цеца.

Ова е втор пат во период од 10 дена, бомба да биде поставена во кафуле во центарот на Прилеп.

извор: Makfax

Најчитани вести