Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го обвини Премиерот Зоран Заев дека на денешната прес-конференција на која го претстави планот со кој СЈО треба да се инкорпорира во Јавното обвинителство, само ја потврдил директната контрола која СДСМ ја има врз работата на како што го нарече “Рускоска обвинителството”.

-Ние во минатото зборувавме дека имаме исклучително корумпирано јавно обвинителство кое што е под палката на Катица Јанева и времето покажа дека нашите тврдења биле точни. Денес премиерот ги потврди нашите тврдења дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и „Русковска обвинителството“. За жал денес премиерот пропушти да одржи државнички прес, со државничко обраќање до сите граѓани и заеднички да направиме чекор напред, изјави Мицкоски од Битола

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на својот предлог закон за ЈО, чија основна цел ќе биде да се обезбеди правда за сите.

Тој додаде дека има различни шпекулации за тоа каде се наоѓа специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, која и него како лидер на ВМРО -ДПМНЕ, го уценувала и барала поддршка на законот за јавно обвинителство во замена за одмрзнување на имотот на најголемата опозициона партија.

- Постојат разни шпекулации дека Катица Јанева ја напуштила Македонија, дека Катица Јанева е во Македонија, па добив информација дека на сите гранични премини има знак С, да не ја напушта територијата. Ова е преседан за кој не постојат правни аргументи да се одбрани. Дури и на прес конференцијата, јас јавно го повикав јавниот обвинител да ме повика да сведочам бидејќи бев предмет на уцена од Катица Јанева, кога бараше да го поддржам законот за јавно обвинителство, а се со цел да го одмрзне имотот на партијата, кој што како нелегален тужител го замрзна, а Судот под притисок на СДСМ го потврди тоа барање, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Битола.

1

Најчитани вести