Повеќе стотици луѓе се евакуирани во Перу откако вулканот Убинас почнал да исфрла пепел.

Националниот институт за цивилна заштита наредил евакуација на околу илјада луѓе во регионот Мокенгва, откако бил исфрлен пепел и до 25 километри околу вулканот поради две експлозии.

Во градовите околу вулканот била откажана училишната настава, а на жителите им се поделени маски и очила како заштита од пепелот.

Убинас е најактивниот вулкан во Перу.

извор: Makfax

4

Најчитани вести