Реагираат од СДСМ и лично градоначалникот на Карпош Стефан Богоев целосно ги демантира тврдењата дека Бојан Јовановски ја финансирал кампањата на градоначалникот на Општина Карпош и член на Извршен одбор на СДСМ, Стефан Богоев.

СДСМ наведува:

Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, во кампањата за локални избори 2017 година, за сите кандидати за градоначалници на СДСМ, вклучително и за Стефан Богоев има склучено договори за закуп на билборди. Плаќањата за закупените билборди се извршени преку Наменеската сметка за локални избори 2017 година. Лага е дека се плаќало на луѓето кои работеле во кампањата за Стефан Богоев. Во кампањата на Богоев, но и во кампањите на сите други кандидати за градоначалници, на волонтерска основа делуваат активистите и членовите на СДСМ и коалициските партнери. Не се плаќало ниту за дневници, ниту за други трошоци. Сериозна лага е веста дека се купувале гласови во Нерези и Злокуќани, пишува во реакцијата на СДСМ и на Богоев.

 

2

Најчитани вести