Кавадаречката полиција приведе тројца кавадарчани кои пуштиле во оптек фал сификувани пари, a е поднесена и кр ивична пријава за стореното кривично дело, информираа денеска од СВР Велес.

Покрај во Кавадарци, парите со ист сериски број биле пуштени и во други градови.

-Полициската страница Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.Ч.(27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фа лсификување на пари“. Пријавените, делото госториле во текот на јуни оваа година. Тие набавиле вкупно 193 банкноти од по 500 денари, сите со ист сериски број и 1000 денари со исти сериски број, пошто ги пуштале во промет во Кавадарци и во другите градови – вели портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Лицата се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

3

Најчитани вести