Јавното обвинителство за организиран криминал во куса изјава за „Република“ демантира дека за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е издадена наредба „Ѕ“ – стоп на граничните премини и за нејзино приведување, поради инволвираност во случајот „Рекет“ за кој веќе во триесетдневен притвор се наоѓаат Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Тоа значи, дека доколку Катица Јанева се обиде да ја напушти државата, тоа ќе може да го стори без проблем.

Претходно, беше објавено дека специјалната јавна обвинителка од денеска ќе биде запрена на македонските гранични премини и вратена назад доколку се обиде да ја напушти државата.

„Република“ побара одговор од МВР дали навистина преку ова Министерство на сите гранични полициски сили им е испратена наредба која се однесува на лицето Катица Јанева на која стои знакот ,,S” или Стоп. Оттаму ниту ја потврдија ниту ја демантираа оваа информација. Велат не се надлежни за изјава и за одговор не упатија во Основното јавно обвинителство.

Дали доколку се обиде да ја напушти државата Јанева ќе биде приведена и однесена пред соодветните државни органи кои издале налог со знакот S одговор нема ни од ОЈО. Велат ваква информација може да даде само обвинителката Вилма Рускоска, до која ќе го препрателе нашето прашање.

Најчитани вести