Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва се сретна со своите соработници, како и со претседавачот и српски член во Претседателството на БиХ, Милорад Додик, веднаш по веста за оставката на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, пренесе Танјуг.

На состанокот, според информациите, учествува и српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ и генералниот секретар на претседателот, Никола Селаковиќ.

Како што се наведува, претседателот Вучиќ утре ќе реагира на оставката на Харадинај и за евентуалните импликации од таа оставка.

Харадинај денеска попладнево поднесе оставка, а како причина го наведе повикот на Специјалниот суд да сведочи како осомничен за воени злосторства.

извор: Makfax

Најчитани вести