Раперот АСАП Роки ќе остане уште шест дена во шведски затвор, додека полицијата ја заврши истрагата за тепачка во центарот на Стокхолм, објавија обвинителите во петок.

Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, се појави во Окружниот суд во Стокхолм во петокот откако беше уапсен на “можни основи за сериозен напад” на 3 јули. Судијата што го водеше случајот го уважил барањето на обвинителот Даниел Саннесон, Роки да биде задржан во притвор до 25 јули.

Двократниот кандидат за Греми беше уапсен заедно со уште тројца други луѓе еден ден по настапот на хип-хоп фестивалот Смеш x Стадион во главниот град на Шведска.

Роки и членовите на неговата група, наводно, биле инволвирани во тепачка на 30 јуни, во која властите велат дека едно лице било претепано и исечено со скршено шише. Роки ги негираше обвинувањата за напад.

Пред неговото апсење, видео објавени на неговиот профил на Инстаграм покажува дека тој и членовите на неговата свита се расправале со две лица на улица, кажувајќи им на лицата да престанат да ги следат.

Додека еден телохранител беше ослободен без обвинение, судијата го продолжи притворот на Роки и двајца други соработници.

Ким Кардашијан Вест, британскиот пејач Род Стјуарт и многу други истакнати личности јавно ја повикаа Шведска да го ослободи 30-годишниот американски рапер.

Кардашијан Вест во твитер пост, му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и високите претставници од неговата администрација за обидот Роки да биде ослободен.

НБС Њуз не ги потврдија тврдењата на Кардашијан Вест во врска со улогата на владата во овој случај.

Раперот мораше да откаже неколку концерти од неговата Европска турнеја поради притворот.

извор: Makfax

42

Најчитани вести