Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција посочи дека за него не постојат Кики и Фрики, двајцата високи членови на владејачката СДСМ, кои беа споменувани од новинарот Бранко Героски како инволвирани во рекетот за којсе притворени Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Тој во својата изјава дури и посочи дека со тие имиња ќе се занимава тогаш кога ќе бидат објавени со вистинското име, за истите да можат да тужат новинари.

Кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме – се истакна премиерот.

Понатаму додаде:

Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите заради тоа што кога е истражувачко новинарство, тоа е креативно, треба да носи со себе и храброст. Изволте, секој да го истакнете ако има сомневање. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство, порача Заев.

Заев на прес-конференцијата посочи:

Ние во нашиот систем немаме казни бесење и стрелање, најтешката казна е затворот. Тој што се огрешил, ќе си ја отслужи казната. Затоа треба да си го средиме системот.

2

Најчитани вести