Loading..

Обвинителката Влма Рускоска не открива дали би прифатила да ја наследи специјалната јавна обвинителка во оставка – Катица Јанева. Откако денеска премиерот, Зоран Заев, на прес конференција истакна дека Владата наредната недела до Собранието ќе предложи нов закон за трансформација на СЈО, а како наследник на Јанева ја предлага обвинителката Рускоска, актуелната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за Фокус вели:

-Кога ќе биде усвоен Законот, тогаш би можела да кажам став. Вака е беспредметно, бидејќи може законот да претрпи измени, вели Русковска за „Фокус“, која додава дека изјавата на премиерот Заев ја не ја слушнала во целост, бидејќи била затекната додека работела.

За Рускоска предлогот на Заев претставува чест, бидејќи било признание за нејзината досегашна работа.

Најчитани вести