Има ли забрана Катица Јанева да ја напушти државата?! Откако Експрес објави дека специјалната јавна обвинителка од денеска ќе биде запрена на македонските гранични премини и вратена назад доколку се обиде да ја напушти државата, „Република“ побара одговор од МВР дали навистина преку ова Министерство на сите гранични полициски сили им е испратена наредба која се однесува на лицето Катица Јанева на која стои знакот ,,S” или Стоп. Оттаму ниту ја потврдија ниту ја демантираа ваквата информација. Велат не се надлежни за изјава и за одговор не упатија во Основното Јавно обвинителство.

Дали доколку се обиде да ја напушти државата Јанева ќе биде приведена и однесена пред соодветните државни органи кои издале налог со знакот S одговор нема ни од ОЈО. Велат ваква информација може да даде само обвинителката Вилма Рускоска, до која ќе го препрателе нашето прашање.

„Република“ очекува одговор од Рускоска дали веќе се подготвува обвинение против Катица Јанева, како и нејзини приведување, поради инволвираност во случајот „Рекет“ за кој веќе во триесетдневен притвор се наоѓаат Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Извор: Република

Најчитани вести