Ако можеме да испратиме човек на месечината, можеме и да го пронајдеме патот за враќање на дјалогот помеѓу Белград и Приштина на преговарачката маса, напиша амбасадорот на САД, Кајл Скот на „Твитер“.

Тој тоа го напиша по повод изјавата на советникот за национална безбедност, Џон Болтон, за состанокот со шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.

Болтон изрази задоволство од состанокот, наведувајќи дека Дачиќ и тој се согласиле оти е потребно да се покрене дијалогот со Косово, бидејќи ниту една страна нема корист од стстус-кво.

САД одбележуваат 50-годишнина од денот кога првиот човек стапна на Месечината.

извор: Makfax

3

Најчитани вести