Денеска на новинарите не им беше дозволен влез на седницата на дисциплинска комисија во Државен просветен инспекторат, на која се расправаше за дисциплинската постапка против просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски.

„Се работи за просторни капацитети, а постапка ја води претседателот на комисијата согласно правилникот. Во Правилникот за водење дисциплинска постапка пишува дека претседателот на комисија, членовите и други лица присуствуваат. Народен правобранител и некои други членови беа присутни поради тоа што беа претходно најавени посети“, истакнаа од дисциплинската комисија.

1

Најчитани вести