Оперативно-техничката агенција – ОТА во моментов активно следи 159 комуникации, а постои можност некои од нив да се поврзани со најновиот случај „Рекет“ – изјави денеска директорот на ОТА, Зоран Ангеловски.

Во посета на ОТА денеска беше собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, со која претседава пратеникот Емил Димитриев.

ОТА од почетокот на годината следела 258 комуникации, од кои 159 се се уште активни. Следењето на комуникациите е максимално безбедно и не може да случи истекување на разговорите, беше истакнато на денешната прес-конференција по посетата.

На прашањето дали од тие 159 активно следни комуникацвии има и такви за случајот „Рекет“, Ангеловски нагласи дека ОТА нема увид во идентитетот на лицата што се следат.

Иако барањата за следење на комуникациите ОТА ги добива со скриен идентитет, веројатно има и од тие телефонски броеви – изјави Ангеловски.

Димитриев нагласи дека нивната главна цел е комуникациите да бидат покриени со соодветна судска наредба.

Истакна дека се во исчекување на потпишување договор за ангажирање ИТ експерт, кој е веќе селектиран. Комисијата само врши избор и тој е направен пред два месеци, се чека потписот на претседателот на Собранието.

За сите следени комуникации, Комисијата утврдила дека ОТА поседува уредна судска наредба.

Ангеловски истакна дека ОТА се залага за максимална транспаретност и контрола во својата работа.

Внатрешни контроли правиме на еден месец. Се е максимално чисто и максимално транспарентно. Работиме законски по судска наредба – рече тој.

2

Најчитани вести