Случајот Рекет го отвори криминалниот октопод на СДСМ, во кој покрај Кики и Фрики, вмешани се и други функционери на партијата на власт.

Па така, ако се тргне од изборните кампањи во 2016 на парламентарните избори и 2017 за локалните избори, се доаѓа до поврзаноста и на актуелниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев со Бојан Јовановски (Боки 13), како и нивна семејна поврзаност во бизнисот.

Да одиме по ред.

 

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев е близок пријател со Бојан Јовановски. Толку е близок, што татко му Владо Богоев е член на управниот одбор на Меѓународниот сојуз на Боки. Тоа стои и на официјалниот сајт на организацијата. Заедно со него таму се и Фросина Ременски и Коста Костадинов, портралот од СДСМ.

 

Владо Богоев, лево на сликата

 

Да се навратиме на кампањата.

 

Според финансискиот извештај на СДСМ за првиот круг од локалните избори, јавно достапен на овој линк, може да се увиди дека СДСМ немале ставка за закуп на билборди, односно дека не закупиле билборди за рекламирање. Но, за Стефан Богоев во Карпош биле закупени 78 билборди

Во Карпош, според официјалните ценовници, најефтиниот е 600 евра, најскапиот е 1.900 евра кај мостот Обединети нации. Ако Стефан го имало на билборди, а СДСМ не пријавиле дека закупиле билборди, тоа значи дека билбордите се платени во кеш. Само по оваа основа, некој на Богоев му кеширал во кампања најмалку 78.000 евра.

Луѓето ангажирани во 3 смени

 

Ниеден градончалник немал во историјата на независна Македонија толку билборди колку Стефан, а дека ја имал најскапата индивидуална кампања за поединец во историјата на избори во Македонија, говорат и следните факти.

Луѓето ангажирани во 3 смени
 

Богац имаше ангажирано најмалку 100 луѓе да работат за неговата кампања. Луѓето се плаќани по 1.000 денари дневница, а штабовите му работеа во три смени.

Тоа се 100х1000 = 100.000 дневно, помножено со 50 дена предизборна и изборна кампања = 5.000.000 денари или околу 80.000 евра.

За храна најмалку 100 луѓе по 4 евра дневно, за време на предизборна и изборна кампања = 20.000 евра.

Нашите извори наведуваат дека голем дел од кешот со кој располагал во кампањата за општина Карпош, е даван за купување гласови. Во Злокуќани и дел од Нерези. Во Злокуќани се давани од 500 до 1.500 денари за глас, а во делот од Нерези дадени се над 25.000 евра.

Досега стигнавме до збир од 203.000 евра. Овде не се пресметани кирии за штабови, не се пресметани бини и озвучување, гориво за колите, како и режиските трошоци. Тоа веројатно е дел од официјалниот извештај на СДСМ што тие го покриле.

Главното прашање е, не дали Боки 13 со кеш ја финансирал кампањата, тоа е повеќе од јасно. Прашање е како и со што градоначалникот Богац му се оддолжи на Боки 13, кој во неколку негови изјави најавуваше градежни проекти.

Овде има основ за истрага во два правца.

Едниот е нелегално финансирање на избори со кеш пари, а другиот е истрага за градоначалникот и службите во општина КАрпош за злоупотреба на службена положба во корист на бизнисите на Боки и неговите блиски соработници.

 

Со 1.000 евра плата летува монденски

Младиот градоначалник Стефан Богоев – Богац летува на монденски места. Лани беше во Бали, Дубаи и Катар, а годинава е во Марбеља – Шпанија. Прашањето е како со плата од 1.000 евра може да си дозволи скапи и луксузни одмори

Богац е редовен гостин во еден хотел во Халкидики. Газдарица на тој хотел е Јасна Мандиќ, заменик претседател на Меѓународниот сојуз на Боки, која има удел во основачкиот капитал на 1ТВ, заедно со татко му на Боки.

3

Најчитани вести