Иконата на стрипот, Алан Мур (65), потврди дека оди во пензија, пишува „Гардијан“. Автор е на неколку стрипови како „V For Vendetta”, „Watchmen” и “From Hell”, според кои се снимени и многу успешни филмови, а работи и во American DC Comics и на големи суперхерои како Бетмен и Супермен.

Мур е еден од најценетите писатели во историјата на стрипот и најдобриот писател на графички новели.

Во својата 40-годишна кариера тој го промени поимањето на стрипот и неговите суперјунаци, и најверојатно дојде до заситување па големиот автор ќе се обиде во други форми.

„Мислам дека направив доволно за стрипот, сè што можам. Идеите би страдале ако продолжам, читателите заслужуваат подобро и затоа решив да се повлечам. Не морам повеќе да се докажувам во стрипот. Ќе почнам да работам на филм или да пишувам романи“, изјави Мур во поранешно интервју за „Гардијан“.

извор: Makfax

1

Најчитани вести