Хусеин Џума Абдула, кој има потекло од нашите краишта, има берберски дуќан во Дизелдорф, Германија.. Неодамна нашинецот имал исклучителен гостин за кој во прво време и не бил сигурен дали е навистина тој. Во дуќанот на Абдула дошол славниот музичар Стинг, а тој и вработените за да проверат дали пред нив е навистина ѕвездата се послужиле со една мала итроштина. Пуштиле музика од Стинг, а тој тогаш им рекол: „Ова сум јас!“

Случката за германските медиуми ја раскажал берберот Сивер Рада (27), кој е вработен таму, а според него прв во нивниот дуќан дошол еден од музичарите на Стинг. Пред да заминат кон следната концертна дестинација очигледно по препорака на колегата им дошол и Стинг лично. 

Инаку, песната што му ја пуштиле на Стинг за да проверат дали е тој е “Shape Of My Heart”.

1

Најчитани вести