Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на булеварот „Видео Смилевски-Бато“, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи,  во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот“.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово, соопшти денеска МВР.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од СВР Тетово.

5

Најчитани вести