Руската рок група „Землјане” која постои повеќе од четири децении ги налути почитувачите на музиката на Тоше Проески со својот гест - членовите на бендот си ја присвоиле песната „Боже чувај ја од зло“ и уште ја промовирале како своја авторска.

Насловот на плагијатот на „Землјане“ е „Боже“ и истата ја промовирале како авторско дело на Владимир Трушин, кој се потпишува како композитор, додека пак како автор на текстот е наведен Владимир Киселев.

Што на ова велат вистинските автори Миро Буљан и Антонија Шола не е познато, но со оглед на тоа дека се крена голема врева, веројатно, и ќе преземат нешто.  

Вака звучи оригиналот, кој беше дел од албумот „Игри без граници“ последниот албум што го промовираше Тоше пред традичната несреќа во која го загуби животот.  

1

Најчитани вести