Впрочем, Грција во петокот навечер ја погодија големи поплави откако ураганот Гонзало од западна Европа се преместил кон Грција. Жртви нема, но причинета е поголема материјална штета.

Ураганот посебно ја погодил атинската периферија Атика. Пожарникарите добиле повеќе од 850 повици, а возилата биле блокирани во населбата Илион во која нивото на водата по еден и пол час обилни дождови било околу 14 сантиметри.

Невремето ги зафатило сите покраини на Грција, но и сите острови, а најмногу настрадал Родос.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=HWdpeBtOegM]

Најчитани вести