Христијан Мицкоски единствено е фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски и затоа се обидува да ги блокира реформите и да и наштети на државата. Мицкоски бега од лидерска, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Има забелешки за попис, а не сака да разговара. Мицкоски сака земјата да остане без попис 18 години, го следи криминалното крило на ВМРО-ДПМНЕ кое не сака земјава рамномерно да се развива. Мицкоски е против правдата. Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога сите се еднакви пред законите, Мицкоски бега од разговор за законот за јавно обвинителство“, велат од СДСМ.

Владејачката партија додава дека Мицкоски со половина уста барал предвремени избори, но не сакал да зборува за подобрување на изборниот законик, затоа што знае дека ќе ги загуби.

„СДСМ нема да дозволи деструкциите и обидите за закочување на напредокот и реформите кои што ги прави Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат. Одбраната на криминалот на Никола Груевски нема да успее. Напредокот ќе продолжи, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее“, додава СДСМ.

извор: Makfax

92

Најчитани вести