Топлотниот бран кој оваа недела го зафати Израел во средата го достигна врвот во Содом, кај Мртво Море кога биле измерени 49,9 степени Целзиусови.

„Тоа е највисока температура што некогаш е измерена од основањето на државата во 1948 година и втора највисока некогаш забележана во тоа подрачје откако е почнато бележење на временските прилики во 20-ите години“, соопштти израелската метеорлошка служба.

Највисоката температура била измерена во 1942 година – 54 степени во комуната Тирта Цви на северот на Долината Јордан.

„Иако екстремни температури биле измерени и во неодамнешното минато, новиот рекорд покажува дека глобалните климатски промени и затоплувањето влијаеле на просечните температури“, објави Метеролошката служба.

Од таму навеле дека се очекува затоплувањето да продолжи и дека ќе има екстремни топлотни бранови и нови рекордни високи температури.

Екстремно топло време по должината на брегот на Средоземното Море е ретко и се случува еднаш во пет до десет години, но во последната деценија станува сè почесто на секои две до три години.

извор: Makfax

1

Најчитани вести