Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ги предупреди сите негови политички противници да се оградат од „бомбите“ што се споделуваат за неговата партија. Тој смета дека сите споделувачи се жртви на една валкана игра во рацете на политичката полиција на УДБА и ОЗНА.

На првото собрание на ДУИ што се одржа во Сарај пред партискиот конгрес Ахмети зборуваше за, како што рече, пропагандата која сите на див начин и како волци ја организираат против ДУИ.

„Каде им се фактите, нека покажат еден аргумент од десетиците илјади прислушкувања дека некој од ДУИ ја има злоупотребено власта и довербата, дали овие луѓе мислат дека Албанците пасат трева и ќе нè казнат нас поради приватни разговори, тие може да имаат краткотраен ефект, но подоцна граѓаните ќе почнат да размислуваат“, истакна претседателот на партијата.

Ахмети рече дека како лидер на ДУИ прв ќе ги поздрави издржаните докази против функционери од неговата партија.

„Дали некој украл, нека ги дадат прислушкувањата, дали некој дал наредба за противзаконско дејствување, јас ќе ги поздравам прв од ДУИ ако ги даваат овие факти, но такви нема затоа што ние не сме избрани за да ја изневериме довербата на гласачите. Јас не велам дека нема и ѓаволи, ајде да ги пронајдеме, но не со празни зборови туку со одредени дејствија“, посочи тој.

1

Најчитани вести