Граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ, мораат да аплицираат за дозвола за работа доколку сакаат да работат во Шведска.

Со цел да се добие дозвола за работа, Вие мора да добиете официјална понуда за вработување од шведски работодавач.

За да се квалификува како дозвола за работа, договорот за работа мора да ги исполнува следните услови:

• Огласот за работа мора да биде објавен на EURES порталот во рок од 10 дена минимум;

• Работните услови мораат да се во согласност со шведските колективните договори, а Вашиот работодавец треба да се погрижи Вашата апликација да биде потврдена како релевантна;

• Месечната плата пред оданочување, треба да биде на исто ниво како онаа предвидена во шведските колективните договори, а тоа значи да изнесува најмалку 13.000 круни на годишно ниво;

Ако добиете дозвола за работа, Вашиот брачен/вонбрачен другар, децата до 21 годишна возраст, како и децата над 21 кои се финансиски зависни од Вас, имаат право да Ви се придружат во Шведска. Тие, исто така, мораат да аплицираат за дозвола за престој, како дел од Вашата апликација или одделно.

Следниот чекор е да побарате од Вашиот работодавец официјално да ја заврши писмената понуда за вработување. Овој чекор е потребен за да се осигурате дека ќе имате соодветни услови за вработување и износ на плата во согласност со барањата на Шведскиот борд за миграција.

Вашиот работодавач е одговорен и за испраќање на договорот за вработување до соодветниот синдикат. Штом ќе биде одобрен, договорот се враќа кај Вашиот работодавец.

Откако тој ќе ги има овие два документи, треба да Ви ги испрати за да можете да ги приложите кон апликацијата за дозвола за работа.

За дозвола за работа можете да аплицирате на следниве начини – онлајн, или во најблиската амбасадата на Шведска. Доколку аплицирате онлајн, можете да побарате дозвола за престој за сите членови на семејството. Ако испраќате писмена апликација до амбасадата, секој член на семејството мора да поднесе посебна пријава.

Доколку се пријавувате преку интернет, ќе може да ги скенирате и да ги прикачите сите Ваши документи. Ако се пријавувате во амбасада, тогаш направете копии на потребните документи и чувајте ги за евиденција.

Вашата апликација треба да се состои од следниве документи:

• Пополнет образец за аплицирање (онлајн или писмено);

• Копии од страниците на Вашиот пасош каде ги пишува Вашите лични податоци, период на важење и тоа дали имате дозвола да живеете во други земји (на пример други визи или дозволи за престој);

• Вашата понуда за вработување, соопштението од синдикатот и сите други документи кои работодавачот ги испратил до Вас;

• Копии од погоре споменатите страници во пасошите на членовите на Вашето семејство – ако се пријавувате преку писмена апликација, тогаш овие копии треба да ги приложите заедно со нивните апликации;

• Такса – Ако апликацијата за дозвола ја испраќате преку интернет, можете да платите со кредитна или дебитна картичка. Доколку ја поднесете во амбасада, можете да платите за време на вашата посета;

Ако поднесете Вашата апликација онлајн, Шведскиот борд за миграција може веднаш да започне со прегледување. Ако ја доставите преку амбасадата, тие ќе ја испратат Вашата апликација до Бордот во Шведска, при што ќе бидат потребни околу четири недели време за обработка и преглед на целата документација.

Бордот за миграција ќе почне да ја процесира Вашата апликација веднаш откако ќе бидат добиени сите потребни документи. Одлуката ќе ја добиете побрзо ако сте испратиле комплетна апликација од самиот почеток.

Времето на обработка на апликациите се разликува. Одговор на Вашата апликација ќе добиете преку e-mail доколку сте ја испратиле онлајн, или преку контакт од соодветните амбасади доколку сте аплицирале таму.

Информации во врска со тоа дали Ви е потребна виза, ќе бидат вклучени заедно со официјалната одлука во врска со Вашата апликација. Ако Ви е потребна виза за влез во Шведска, ќе треба да отидете во Шведската амбасадата за да бидете фотографирани и да оставите отпечатоци.

Доколку не Ви е потребна виза, треба да ја посетите најблиската канцеларија на Бордот за миграција веднаш по пристигнувањето во Шведска, каде ќе бидете фотографирани и ќе оставите отпечатоци.

Картичката која ќе Ви служи како приказ за дозволата за престој, ќе Ви биде испратена на Вашата адреса во Шведска.

1

Најчитани вести