ХРАБРА, ЧЕСНА, НАИВНА И НЕВНИМАТЕЛНА, ТОА Е НАШАТА КАТИЦА: По четири години на чело на СЈО Катица Јанева нема никаква промена во имотната состојба, пишува владиниот Саше Ивановски. 

Речиси четири години колку што е на чело на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева нема пријавено никаква промена во имотната состојба. Гевгелиската обвинителка која во 2015 година се пресели во Скопје, а сега е дел од милионската афера „Рекет“, нема ни заштеда, ниту пак се подновила со нешто, пренесува владиниот на Мактел.

Единствената промена во имотната состојба која ја пријавила во Антикорупциската комисија била минатиот месец. На 13 јуни Јанева доставила информација дека има промена во имотот на децата, односно купено е половно Ауди А6 Кватро, потврдија за ИРЛ од Комисијата. Јанева не доставила договор за купопродажба на автомобилот, како што е согласно законот, но додала дека возилото е произведено во 2005 година и вреди 6.000 евра. Оваа промена е евидентирана во нејзиниот имотен лист на интернет страната на ДКСК.

1

Најчитани вести