Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски е уверен дека до следната сесија во февруари Охридскиот регион ќе ја надмине опасноста да биде ставен на листата на загрозено светско природно и културно наследство и најавува уривање на дивоградбите, но и ревизија на регистарот со дивоградби.

Во разговорот за „Слободен печат“ тој меѓудругото најавува и дека градежната инспекција ќе ја урне пицеријата „Луна“ која бесправно ја изгради советникот од ДУИ, Нефи Усеини веднаш до чинарот, но не го коментира однесувањето на локалните моќници.

1

Најчитани вести