Обвинителката на ЈО Вилма Рускоска денес ја извести јавноста за тоа која е улогата на Зоран Заев во прибирање сознанија за случајот Рекет.

Премиерот Зоран Заев прв ме извести дека бизнисмени му се пожалиле оти се уценувани, вели шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

- Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на Република Северна Македонија, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави, посочува Русковска во изјава за „Независен весник.

Рускоска зборува во множина, дека Заев ја известил за рекет на бизнисмени, што значи дека не е проблем само со рекет кон Орце Камчев туку и кон други но, засега јавноста не зане кои се другите рекетирани.

Патем, јавноста очекува да знае кога точно Зоран Заев пријавил такво сознание и дали пријавата од Заев е забележана во службена белешка, или останува само на збор. Ова е особено битно бидејќи е сосема извесно дека во иднина овој случај ќе има нови истраги, посебно за улогата на сегашниот премиер Заев во целиот случај и без службен записник тешко е да се поверува дека неговото евентуално известување ќе биде земено како олеснителна околност.

1

Најчитани вести