Зоран Азманов кој се занимава со градежен бизнис и пред ТВ камерите остана на своето тврдење дека е рекетиран од сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски, и дека по допрен глас веќе е повикан во Јавното обвинителство кое води истрага по аферата Рекет. Тој нагласи дека во рекетирањето постои директна поврзаност помеѓу Бојан Јовановски и шефицата на СЈО Катица Јанева спомнувајќи го во тој контекст и вработувањето на нејзиниот син во 1ТВ кај Боки 13.

Азманов во изјавата како корисник на пари од рекет го спомнува и Кики, псевдоним кој во јвноста се употребува за доскорешниот генерален секретар на СДСМ Кирацоски сметајќи дека токму поради вмешаноста во рекети и морал да даде оставка на својата функција.

1

Најчитани вести