Loading..

Иранската револуционерна гарда заплени странски танкер кој носел нафта во Персискиот Залив.

Како што е соопштено, бродот се обидел да „прошверцува“ околу еден милион барели нафта, а бил запрен кај островот Ларак во Ормускиот Проток на 14 јули.

Минатата недела, иранската војска се обиде да заплени британски танкер, но не успеа во тоа.

Претходно, Велика Британија заплени ирански танкер кој носел нафта и го држеше во Гибралтар. Лондон верува дека оваа нафта е наменета за Сирија, со што се кршат европските санкции против земјата, но Техеран го негира тоа и бара бродот да се ослободи. После тоа, Иран вети дека ќе изврши одмазда.

извор: Makfax

Најчитани вести