Loading..

Пакистанската агенција за борба против корупција го уапси поранешниот премиер Шахид Хакан Абас, соопшти денес портпаролот на Националниот одбор за одговорност (НАБ).

Тој не спомна детали за причините за апсењето, но покажа копија од налогот за апсење издаден од страна на партијата на Абас ПМЛ-Н, во која се навестува дека бил обвинет за корупција, објави Ројтерс.

Абас, кој беше на функцијата премиер помалку од една година по оставката на поранешниот премиер Наваз Шариф во 2017 година, беше уапсен додека одеше на прес-конференција во источниот град Лахоре.

извор: Makfax

Најчитани вести