Бугарскиот портал bgdnes.bg објавува широка сторија за нашата афера Рекет во кој, повикувајќи се и на бугарски специјални служби кои учествувале во прибирање на доказите на повик од Орце Камчев, директно ја прозиваат и обвинуваат шефицата на СЈО Катица Јанева за учество во рекетот, и тоа како организатор на истиот.

Бугарскиот портал во поголем дел ги раскажува фактите кои се веќе објавени во македонските портали и дополнува со свои сознанија од бугарски извори кои ги потврдуваат фактите објавени во Вечер.

Според bgdnes.bg неспорно е дека се барал рекет од 8 милиони евра од Орце Камчев од страна на травеститот Боки 13 како што го нарекува бугарскиот портал Бојан Јовановски, дека се корситени материјали ан СЈО со знаење на СЈО, и дека се исплатени 1,5 милиони во време кога Камчев бил во притвор и потоа. Бугарскиот портал ја потврдува и информацијата на Вечер дека парите се дадени со посредство на сопругата на Орце Камчев за што Вечер објави и дека постои видео снимка за тоа што потоа ОЈО го демантираше. Според бугарскиот портал во пленот непосредно има удел и шефицата на СЈО Катица Јанева.

Бугарскиот портал дополнува дека снимањето на примопредавањето на пари за рекет, како и телефонски разговори и СМС пораки е направено од страна на бугарски специјални служби за таа намена, а самата снимка кога од предавањето на парите е снимена од бугарското обезбедување кое Бугарија му го дала на Орце Камчев на негово барање. Според нив Камчев го пријавил делото во ОЈО и одбрал новинарот Бранко Героски да пишува за тоа бидејќи го сметал за близок затоа што го познавал од времето кога бил уредник на Дневник, весник кој со години беше во сопственост токму на Камчев.

Бугарите ја истакнуваат блискоста на Боки 13 со Катица Јанева која била нескриена, видена јавно низ дружење, заеднички настапи во јавноста, меѓусебна поддршка и фактот дека синот на Катица Јанева бил вработен од Боки 13 во неговата телевизија 1ТВ. Бугарскиот портал наведува и хронологија: откако Камчев отпрвин одбил да даде рекет, уапсен е и ставен под истрага а потоа, кога рекетот почнал да се плаќа е пуштен од притвор и пасошот му е вратен. Во првите денови откако Камчев излегува од притвор посетен е од Боки 13 за да се утврди продолжувањето на исплатата од 1,5 до 8 милиони евра, со алтернатива да се спушти рекетот на 5 милиони а Камчев да добие поблага казна пишува бугарскиот портал, шо е одбиено а случајот е потоа пријавен во ОЈО.

Покареј се, јасен е заклучокот кој учествува во рекетот без оглед на тоа што ОЈО се обидува да ја заштити и држи на страна Катица Јанева, и прашање е дали е само таа дел од ваквите дела. Само анализа од независна институција на сите предмети кои ги води СЈО и распит на лицата опфатени со тие предмети може да утврди кој и под кои услови е заобиколен од истрагите за пари или услуги. Да се провери кој од СЈО и каде вработувал свои деца и внуци, кој купил станови непосредно пред и откако стапил на функција обвинител во СЈО и која е поврзаноста на сето тоа со луѓе и настани од истрагите на СЈО кои се водени, како и оние кои се отфрлени од истрага. 

Рекетот не можел да се води само од едно лице од СЈО, сите околу Катица Јанева се стручни и добро знаат кога се манипулира со некој предмет. Најпсоле, Орце Камчев заедно со Цветан Панделевски од Пелистерка и другите соработници се обвинети за дело од 12 милиони евра, а баран е рекет од 8 милиони. Согласно нивната имотна состојба, ако се чувствувале виновни, тие можеле да соберат 12 милиони евра и да ги платат уште пред да се подигне обвинение и да добијат условна казна, што е стандардно во вакви постапки но, тоа не го направиле. Познато е, исто така, дека СДСМ и владата се главен заштитник на СЈО и Катица Јанева која без исклучок спроведува истраги само против нивните политички непријатели и дека таа соработка и заштита функционирала и во овој случај, не само за овој рекет туку и за некои други во кои учествувале двајца пратеници и функциоенри на СДСМ.

Очигледно е дека и некои други обвинители имале интерес за наплата од рекет па имало закани и со други истраги и обвиненија за да се откажат Орце Камчев и Панделевски од можноста да ги платат парите и да останат слободни.

 

 

1

Најчитани вести