Loading..

Шефицата на СЈО Катица Јанева трет ден не се појавила на работното место во Специјалното јавно обвинителство, потврдиле од СЈО за „Плусинфо“.

Како што пишува порталот, Јанева најверојатно ќе отвори боледување или ќе го земе годишниот одмор. Засега нема информации колку ќе отсуствува Јанева и дали воопшто ќе се врати во СЈО со оглед на депонираната оставка од функцијата специјална јавна обвинителка.

Јанева оставката на функцијата специјална јавна обвинителка ја депонираше во понеделникот, а таа ќе се активира во моментот кога институцијата ќе добие нов шеф.

Најчитани вести