Реџеп Демири и Јордан Панев се двајцата нови конзули во дипломатските претставништва на Македонија во Минхен, Германија и во Њу Џерси, САД.

Реџеп Демири, инаку поранешен член на терористичката организација УЧК е назначен за нов Генерален конзул во македонскиот генерален конзулат во Минхен. Демири, кој работи во МНР, беше дел од УЧК, а Владата на Зоран Заев го постави за генерален конзул во нашето претставништво во Германија.

Друг скандалозен избор е поставувањето на Јордан Панев за Генерален конзул во  Генералниот конзулат на Македонија во Њу Џерси, САД. До редакцијата на Економски Лидер пристигна фотографија на која може да се види како Панев, кој се уште не е заминат за САД, спие среде официјален состанок.

2

Најчитани вести