Археолозите го откриле шанец од 11 век во близина на ѕидините на Стариот град во Ерусалим – првиот цврст доказ за опсадата на Крстоносците против градот пред 920 години. Иако неколку историски документи содржат сведоштва за неа, многу научници сепак веруваа дека опсадата е мит, пренесува „Брејтбарт“.

Откритие бе дел од археолошкиот проект „Маунт Зајон“, заеднички меѓународен проект предводен од професорот Шимон Гибсон и професорот Џејмс Табор од Универзитетот на Северна Каролина во Шарлот во соработка со Рафи Луис од колеџот „Ашкелон“.

Археолошката локација е дел од националниот парк „Ерусалемски ѕидини“, каде што археолозите претходно откриле еврејски замок од првиот век и ретка златна монета со печат со ликот на римски император Нерон.

Петтенеделната битка за Ерусалим меѓу армиите на Крстоносците и Фатимидскиот калифат, кој го контролирал регионот во 1099 година, добила разрешница на 15 јули истата година, кога Рејмонд Четврти, грофот од Тулуз, еден од водачите на Првата крстоносна војна, го нападнал градот од југ, додека друга христијанска сила подигнала кула за да пробие градските ѕидини од север.

Рејмонд Д’Агије, кој напишал современ извештај за битката, опишал шанец што муслиманите го бранеле за да ги спречат напаѓачите на југ. Според неговите летописи, грофот им ветил златни динари на сите Крстоносци кои би помогнале да се пополни шанецот за да може да изгради стабилна опсадна кулка над ѕидот.

Според извештајот на Рејмонд, опсадата на крајот успеала, но кулата била запалена. Кога северните сили го освоиле градот, Крстоносците поминале една недела убивајќи ги муслиманските и еврејските жители на градот.

извор: Makfax

13

Најчитани вести