Агенцијата за аудиовизуелни медиуми (АМА) на Албанија го предупреди албански јавен радиодифузер РТСХ за емитување песни од пејачката Цеца Ражнатовиќ, сопруга на починатиот Жељко Ражнатовиќ- Аркан, во програма која била наменета за песни на малцинствата.

Агенцијата ги забранила спотовите на Цеца затоа што, како што пренесуваат албанските медиуми, таа постојано држела антиалбански протести против Косово и затоа што нејзините песни, како што тврди агенцијата, “ги инспирирале злосторствата во Босна и Херцеговина и Косово”.

1

Најчитани вести