ДУИ и Али Ахмети се разочарани од апсењето за случајот „Рекет“. Тие како партија се против селективна правда, соопшти вицепремиерот и член на ДУИ Бујар Османи.

За Специјалното јавно обвинителство Османи вели дека институциите треба да го истражат случајот, а долго најавуваниот ветинг е едно од решенијата за кое ќе зборува на лидерската средба, која за во петок ја најави премиерот Зоран Заев на прес-конференција.

Инаку, на Боки 13 како осомничен во случајот му е одреден триесетдневен притвор, како и на Зоран Милевски, за изнудување пари.

По собрани вербални и материјални докази, ОЈО вчера отвори истрага во која осомничените ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага.

3

Најчитани вести