Естрадната појава Бојан Јовановски, или Боки 13, успеал да добие документација, сознанија и снимки од СЈО преку кои вршел рекет на богати бизнисмени ветувајќи им дека ќе им решава нивни проблеми со тоа обвинителство. Тоа е висока позиција во хиерархијата на власта која некој му ја обезбедил со разни промоции и создавање модел според кој тој е близок со властите и моќен да ги спроведе своите намери.

Ако некој со фантомско здружение на граѓани - Меѓународен сојуз за цивилно општество и социјално загрозени категории птеку кое без активности на таа организација за година дена оствари состаноци, јавно снимени и публикувани, со премиер, министри, обвинители... кои Боки 13 го воздигнуваат до небо иако нема никакво оправдување за тоа, јасно е дека стојат зад него, и јасна е нивната одговорност за она што денес го товари обвинителството Бојан Јовановски, како што е јасно дека некои од нив имале и финансиски интерес од таа соработка. 

Еве го Костадин Костадинов, портпарол на партијата и еден од најблиските соработници на Зоран Заев како го промовира Боки 13 во важен лик близок до власта, миленик на СДСМ кој има безрезервна поддршка од нив уште на самите почетоци, додек бил времено градоначалник на Струмица наместо Зоран Заев.

Текст преземен оа порталот Струмицасити

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, е прогласен за почесен член на Меѓународниот сојуз за цивилно општество и социјално загрозени категории. Прогласувањето се случи на свечениот чин кој што се одржа синоќа во Скопје, а на кој Бојан Јовановски и официјално стана претседател на Меѓународниот сојуз – Скопје.

„Се надевам дека Македонија ќе стане урнек за успешно цивилно општество во кое се помалку ќе има гладни и несреќни граѓани и семејства“, рече Костадинов во своето поздравно обраќање по прогласувањето за почесен член на овој Меѓународен сојуз.

 3 (1)

-Сакам на почетокот од ова мое кусо обраќање, да го споделам со Вас моето чувство на задоволство, што сум дел од оваа убава свеченост на Меѓународниот сојуз за цивилно општество и социјално загрозени категории, од мое лично име и од името на општина Струмица, да му ја честитам функцијата – Претседател на Меѓународниот сојуз – Скопје, на господинот Бојан Јовановски, и да му посакам успех во своето професионално делување.

Во исто време, се чуствувам исклучително среќен и горд поради одлуката на Меѓународниот сојуз – Скопје, да бидам прогласен за негов почесен член, а особено сум горд што како општина Струмица имајќи го во предвид нашиот слоган „Секогаш први“  си застанавме и цврсто стоиме на зборот, токму јас прв во оваа држава како градоначалник на општина Струмица, да бидам почесен член на овој Меѓународен сојуз, ви благодарам Боки.

Во таа смисла, првичната соработка со господинот Јовановски, веќе вроди со плод, па чинам дека сме на добар пат, да ги ставиме своите потписи на најавениот Меморандум за соработка помеѓу Меѓународниот сојуз за цивилно општество и општина Струмица, на взаемно задоволство, а пред се на задоволство на оние на кои ќе им бидат најпотребни плодовите од таа соработка. Искрено се надевам дека Програмата за работа на Меѓународниот сојуз ќе биде целосно исполнета, и дека тоа ќе биде еден од повеќето знаци дека во Македонија дуваат некои нови и многу пријатни ветрови, рече Костадинов.

Нивниот миленик, Боки 13, виде со кого има работа и направи се што може да ја искористи својата шанса за заработка.

Наскоро, следат и другите соработници на Боки 13 од СДСМ кои темелно с епотрудија да му го овозможат планот. 4 (1)

2

Најчитани вести