Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб, повремено умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 15 до 28 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите. Во петок и сабота во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи.

извор: Makfax

1

Најчитани вести