Loading..

Се уште немаме информации дека шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева е опфатена со истрагата на ОЈО во случајот „Рекет“ и сите случаи да се расчистат, што е и во наш интерес, изјави специјалната обвинителка Ленче Ристовска на денешниот брифинг со новинарите.

Таа додаде дека оставката која вчера Катица Јанева ја поднесе на чело на СЈО е чиста коинциденција и не е предизвикана од случајот „Рекет“ туку е одлука донесена во корист на изнаоѓање на законско решение за продолжување на статусот на СЈО.

Специјалната обвинителка Ристоска нагласи дека СЈО продолжува со својата работа и во име на сите обвинители и стручната служба. Таа истакна дека институцијата ќе продолжи да работи на зачувување на интегритетот и смета дека последните случувања дека немаат влијание на останатите предмети.

„Секогаш сме постапувале во согласност со законските прописи. Стоиме зад работата која сме ја завршиле, сите постапки продолжуваат и не се доведени во прашање. Нашето постапување е во рамките на законските прописи. Внимателно ги следиме случувањата и апелирам да се почитува начелото на пресумпција на невиност. Нашиот интегритет не е засегнат ниту во еден момент. Сите се еднакви пред Уставот и законите и ние стоиме позади тоа секој да одговара, но постапките мора да се почитуваат“, изјави Ристоска.

Таа апелираше секое лице да ги пријави ваквите активности и како индивидуи и како институција и додаде дека СЈО е отворено за соработка.

„Тука сме да помогнеме да ги размениме доказите и информациите со останатите институции“, додаде Ристовска.

Најчитани вести