Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен интерес на институцијата е зачувување на интегритетот на СЈО. Таа нагласи дека дејствијата на поединци не можат да ги карактеризираат дејствијата на СЈО.

„Стоиме зад работата којашто сме ја завршиле до сега, сите постапки за кои имаме обвинителни акти не се доведени во прашање, бидејќи е постапувано во рамки на законските прописи. Внимателно ги следиме случувањата и изразуваме голема загриженост. Бараме да се почитува начелото на пресумпција на невиност, се придружуваме на повикот на обвинителстовото секое лице кое е засегнато од ваков криминалитет, тоа да го пријави. Отворени сме за соработка со колегите, сите можни сомненија кои ја инвловираат оваа институција, несмеат да го доведат во прашање интегритетот на постапките кои ги водиме“ рече Ристоска.

Нагласи дека тука е во нејзино име и во име на вработените во СЈО. Рече дека го почитува начелото на презумпција на невиност.

„Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас кои работите со висок професионален интегритет. Апелираме да се расчистат сите случувања за да може и натаму професионално СЈО да продолжи да работи”, додаде Ристовска.

На прашањето како ќе се одрази последниот случај на СЈО пред лидерската средба, Ристовска вели дека се надеваат дека целата работа која СЈО ја заврши и стандардите кои ги постави ќе биде примарниот мотив кога се одлучува за судбината на институцијата.

„Се оградуваме од сите политички контексти во кои можеме да бидеме вклучени во тие преговори и дека интересите на државата ќе се стават над дневно-политичките интереси“, изјави Ристовска.

Таа кажа дека во СЈО не биле претходно информирани за оставката и за намерите на Јанева и дека тоа им било соопштено во исто време кога било изнесено во јавноста.

извор: Makfax

3

Најчитани вести