Врховниот лидер на Иран, Ајатола Али Хаменеи, во вторникот изјави дека Иран ќе продолжи да ги намалува своите обврски во рамките на нуклеарниот договор, обвинувајќи ги европските партнери дека не ги исполнуваат своите обврски.

Хаменеи рече дека Европа не се почитува ниту една од нејзините 11 обврски од договорот, додека Иран се придржуваше кон своите обврски.

„Сега кога почнавме да ги намалуваме нашите обврски, тие се противат на тоа. Каква дрскост! Вие не ги почитувате вашите обврски!“, рече Хаменеи во ијавата објавена на неговата веб-страница.

Европската Унија во понеделникот се обиде да ја смири загриженоста, велејќи дека заканите на Иран не довеле до значително прекршување на обвските од договорт.

Договорот од 2015 година „не е во најдобра состојба, но се уште е жив“, изјави за новинарите шефицата на надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини.

извор: Makfax

1

Најчитани вести