Loading..

Првиот пациент со ебола во најголемиот град на Демократската Република Конго, Гома, почина, објави владата во вторникот.

Ширењето на вирусот до Гома, град со околу 1 милион луѓе, на границата со Руанда, ги зголеми стравувањата дека епидемијата, која веќе е втората најсмртоносна епидемија на ебола досега, може да се прошири уште пошироко.

Според Министерството за здравство на Конго, пациентот бил свештеник кој се заразил за време на посетата на градот Бутембо, еден од епицентарите на епидемијата, пред да замине со автобус во Гома.

Тој бил на пат кон една клиника во Бутембо, каде што требало да биде лекуван, кога умрел, изјави гувернерот на провинцијата Северен Киву, Карли.

Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот објави дека здравствените работници идентификувале 60 лица кои дошле во контакт со свештеникот откако тој се разболел, како и дека половина од нив биле вакцинирани.

Три случаи на ебола, кои потекнуваат од Конго, беа потврдени во соседна Уганда пред еден месец, но оттогаш не се регистрирани нови случаи во таа земја.

извор: Makfax

Најчитани вести