Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, изјави дека кредибилитетот на Специјалното јавно обвинителство, во моментов но и претходно бил никаков и на најниско ниво. Според Арсовски, ВМРО ДПМНЕ и сите останати независни експерти и аналитичари укажувале дека СЈО е само еден инструмент на СДСМ и на власта да може да се вршат уцени и да се прави политички пазари со одредени политичари или да се изнудува одредена корист од одредени бизнисмени и јавни личности.

„ Со она што се случи вчера тоа само се потврди дека интегритетот на СЈО и на Катица Јанева, која што неспорно е дека отсекогаш била блиска со СДСМ и со Зоран Заев е никаков и тоа е она што наназад со години ги следи Специјалното Јавно Обвинителство, бидејќи таму не владееше, односно не се спроведуваше неселективна правда туку напротив се спроведуваше селективна правда и еве како што гледаме не само што се спроведуваше селективна правда, тоа било едно дувло каде што со сите оние снимки, со сите оние прислушкувани разговори кои што едноставно можеа да се купат на тезги на пазари кои што беа расфрлани од Зоран Заев, се покажа дека биле користени, за рекет, за уцени, за изнуда од одредени луѓе. Сето она кое што го работеше СЈО во моментов паѓа во вода“ изјави Арсовски.

Во однсо на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на лидерската средба, која ја свика претседателот на Владата, Зоран Заев, Арсовски рече дека нивниот став останува непроменет. Тие бараат на лидерската да се разговара за предвремени избори.

„Нашиот став во однос на лидерската средба е непроменет од однос на вчера. Ние како што рековме на лидерската средба прво и основно треба да се разговара за предвремени парламентарни избори, а потоа за се останато, после таа точка. Ние веќе еднаш инициравме да се сретнат лидерите за ЕУ агендата, за реформите во Република Македонија, меѓутоа тогаш Зоран Заев едноставно не сакаше и избега. И она вчерашно апсење кое што се случи е само политички циркус се со цел да се покријат сите оние огромни скандали кои што изминатиот период ја нагрнаа власта, односно директно го нагрнаа Зоран Заев за кој како што реков отвораме сериозен сомнеж дека тој е можеби и врвот на целата пирамида“ истакна Арсовски.

извор: Makfax

1

Најчитани вести