Бараме во иднина обвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите, се вели во соопштението од Основен кривичен суд – Скопје.

Судот и судиите работат согласно законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, се вели во писмената реакција од Основниот кривичен суд Скопје, во однос на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Од Основниот кривичен суд Скопје на Обвинителството му порачуваат, наместо редовно и неосновано да го напаѓа судот и судиите после секоја судска одлука од која не се задоволни, да си погледне во сопствениот „двор”.

„Судот и судиите работат согласно законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, а секоја првостепена одлука на Кривичниот суд се преиспитува од повисоките судски инстанци, по изјавена жалба од незадоволната страна. Како суд бараме во иднина обвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција, нивните коментари и изјави да се во рамки единствено  на нивните надлежности, а не на паушални обвинувања“ се вели во соопштението од Основен кривичен суд – Скопје.

1

Најчитани вести