Демократскиот сојуз смета дека актуелните случувања сврзани со Специјалното јавно обвинителство (СЈО) налагаат потреба од одржување на вонредна седница на Собранието, на која ќе се расправа за работата на СЈО и ќе се донесат законски измени со кои СЈО ќе се вклопи во системот на јавното обвинителство, ќе се обезбеди двостепеност и контрола над работата на СЈО, бараат од партијата.

Исто така, оттаму сметаат дека треба да се создадат законски можности шефот на оваа институција да го избира Советот на јавни обвинители на предлог на Јавниот обвинител на РСМ.

ДС инсистира на сеопфатна и неселективна истрага во која ќе бидат опфатени сите кои се вклучени во оваа злосторничка-рекет банда и да понесат одговорност, посебно носителите на високи функции во законодавната, извршната и судската власт. Сугерираме целокупниот материјал (информации, податоци, докази, прислушувани материјали и сл.) со кои располага СЈО, надлежното обвинителство и судот да го стават под посебна заштита и да спречат уништување на докази. На стручниот кадровски потенцијал во СЈО да му се обезбедат услови да продолжи непречено да работи, пишува во соопштението.

4

Најчитани вести